+389 34 213 710 секој ден, 07:00 - 22:00

За болницата

Специјалистичко-консултативна дејност

Во специјалистичко-консултативната дејност се вршат специјалистички прегледи, испитувања и утврдување на заболувањата, повредите и здравствената состојба на корисниците на здравствени услуги, се спроведува специјализирани дијагностички, терапевтски и рехабилитациони постапки, дава специјалистички мислења и предлози, врши други здравствени услуги предвидени во прописите за здравствената заштита и здравственото осигурување или по барање на корисникот на услугите.

Управен одбор

Со Болницата управува Управен одбор составен од 5 члена од кои двајца ги избира стучниот колегиум од редот на стручните и компетентни лица вработени во Болницата, а тројца члена ги именува основачот. Членови на Управниот одбор се:

  • претседател, вработен во Болницата
  • заменик претседател, претставник на основачот
  • член, претставник на основачот
  • член, претставник на основачот
  • член, вработен во Болницата

Болничка дејност

Во болничката дејност, Болницата врши испитување на здравствената состојба, дијагностицирање, лекување и сместување на болните во стандардни болнички услови, обезбедува постојан специјалистички надзор, примање и згрижување на итни медицински случаи, според потребата обезбедува козилијарна медицинска помош, обезбедува лекови и помошни медицински материјали потребни за лекување, учествува во спроведувањето на посебни програми за спречување и рано откривање на заболувањата и повредите, дава упатства за домашно лекување, обезбедува здравствено воспитување на лицата на кои им се пружа здравствена заштита, пружа стручна помош на другите здравствени установи и обезбедува стручно усовршување на здравствените работници организирано во болнички одделенија.

На болните сместени заради лекување, Болницата им обезбедува стандардна болничка исхрана во зависност од здравствената состојба на корисниците на болнички услуги.

За одделни заболувања кога не е неопходно сместување, Болницата може да организира лекување во текот на денот (Дневна Болница).

Директор

Работодавниот орган на Болницата е Директор, кој е одговорен за работењето и за обврските што ги превзема во правниот промет.

За Директор на Болницата се именува лице кое покрај општите услови утврдени со Законот за работните односи, ги исполнува и посебните услови од Законот за здравствена заштита и тоа да има завршено високо образование -дипломиран логопед, високо образование-специјалист по медицинска биохемија, економски науки или јавно здравствениот менаџмент, најмалку пет години работно искуство и положен испит за директор соглсно со Законот за здравствена заштита и да понуди најквалитетна програма за работа на Болницата.

Директор на ЈЗУ “Oпшта Болница Гевгелија” е Др. Митко Крџев, а главна медицинска сестра е Билјана Демерџиева.